Поврзете се со нас

Одбојка

Коронавирусот ги нападна европските шампиони: Еден соиграч пренесе на останатите

Објавено

на

Српската одбојкарска репрезентација се претоври во еден мини кластер на коронавирус, откако по Александар Атанасијевиќ, позитивни на КОВИД 19 испаднаа и Марко Подрашчанин, Невен Мајсторовиќ и помошник тренерот Игор Жакиќ.

Одбојкарите од Србија имаат посебен примат од минатото лето бидејќи важат за актуелни Европски шампиони, а „златната“ генерација на „орлите“ доста непосакувано ги започна подготовките кои беа закажани од страна на селекторот.

Неочекуваните проблеми прават играчите да одат во самоизолација и нормалниот тек на тренинзите е комплетно пореметен, па денеска Марко Подрашчанин реши да открие како дознале за невидливиот непријател кој го има меѓу нив.

– Сите бевме тестирани пред собирот во Белград. Резултатите беа негативни и можевме нормално да работиме во групи. Кога пристигна Атанасијевиќ кој не знаеше дека е заразен, најверојатно ни пренесе и на нас. Неколкумина се дружевме и тука дошло до пренесување.

– Кога Атанасијевиќ го доби резултатот дека е позитивен, на нас останатите ни се појавија првите симптоми. Во петокот бевме тестирани, а ден подоцна дознавме дека и ние сме позитивни, – открива Подрашчанин за „Журнал“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни