Франција
Коронавирусот донесе огромни проблеми во француски гигант: На продажба 30 играчи
Прекинот на сезоната во Франција значеше дека тамошниот гигант кој неколку пати играше и на завршниците на европските натпреварувања, Монако, ќе се соочи со големи проблеми.
Клубот од Кнежевството трета година по ред ќе остане без настап во европските натпреварувања откако сезоната во Франција беше прекината, а беа прогласени и тимовите кои следната година ќе излезат на европска сцена.
Токму затоа, како што пишува „АФП“ Монако ќе се соочи со сериозни финансиски пробллеми кои ќе мора да ги решава со тоа што ќе продава играчи.
Монако, слично како и Челси, важи за клуб кој има најмногу играчи под договор во својот тим. Се верува дека моначаните имаат над 55 фудбалери кои се под договор, а голем дел од нив се испратени на позајмици.
Токму затоа, од Монако ќе се решат до дури 30 фудбалери ова лето со цел да соберат финансиски средства за следната сезона.
Стеван Јоветиќ, Цеск Фабрегас, Пиетро Пелегри, Вилијам Губелс, Головин, Ислам Слимани, Камил Глик Насер Шадли, Исамл Бенансер, Џибрил Сидибе, Барека и Пеле ќе бидат дел од оние попознати играчи кои ќе го напуштат клубот.
Во Монако за следната сезона ќе останат неколку помлади играчи кои ќе се вратат од на позајмица, па јасно е дека клубот наредната година ќе има полимитиран состав кој ќе се обиде да го достигне тоа што претходно големите ѕвезди не успеаја да го направат, да се пласираат во европските натпреварувања.
-
Балкан18 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија21 час
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната
-
Свет21 час
Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)
-
Репрезентација20 часа
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)
-
Свет19 часа
Хамес се смета за подобар од четири фудбалски легенди, вклучувајќи ги и Зидан и Модриќ: Во моите најдобри денови……
-
Шпанија18 часа
Непоразениот играч во тимот на Барселона: Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина
-
Балкан15 часа
Официјално: Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани! (Фото)
-
АТП19 часа
Ѓоковиќ доби тешка ждрепка и на Мастерсот во Мајами (Фото)