Зимски спортови
Корона драма: Полските ски-скокачи најпрвин добија забрана, но сега се поблиску до настап во Оберздорф
Сезоната од Светскиот куп во ски-скокови доаѓа до најпопуларната фаза, односно натпреварите кои привлекуваат најголемо глобално внимание, а тоа е турнејата „Четири скокалници“.
Традиционално, првиот натпревар е во Оберздорф, но на него е можно да нема претставници на Полска, која секогаш е во врвот на овој спорт.
Проблемот настана со позитивниот тест на коронавирус на еден од полските претставници, Клеменс Муранка, кој повлече забрана за настап за цела полска експедиција.
Тоа значи дека на првиот натпревар не би се појавил ни ланскиот победник Давид Кубацки, како и Камил Сток, кој исто така има триумф на новогодишната турнеја.
Полјаците биле шокирани од одлуката на организаторите и веднаш најавија протест, а во меѓувреме новиот тест на Муранка бил негативен. Проблем е тоа што полските ски-скокачи ги пропуштија квалификациите, па сега бараат ФИС да им дозволи да настапат и без обезбеден пласман преку квалификациите.
Последната одлука на организаторите е дека ако Муранка и останатите полски репрезентативци до утре имаат втор негативен тест, тогаш квалификациите ќе бидат поништени и ќе им биде овозможено учество на сите 62 скокачи.
Натпреварот во Оберздорф е закажан за утре од 16:30 часот, а следниот е на 1. јануари во Гармиш.
-
Англијапред 19 часа
Манчестер Јунајтед се откажа од Арнаутовиќ, Македонец главен „виновник“ за пропаднатиот трансфер
-
Светски првенствапред 20 часа
Германска легенда најави дека ќе го бојкотира СП во Катар
-
ВТАпред 21 час
Серена Вилијамс најави повлекување од тениската сцена
-
Италијапред 24 часа
Галијани направи брутална финансиска споредба: Како да се натпреваруваме со Нотингем?
-
Англијапред 14 часа
Звучи неверојатно: На Манчестер Јунајтед му бил понуден напаѓач кој ги помина Реал, Јувентус, Челси и Атлетико
-
Англијапред 23 часа
Рио ги именуваше тројцата напаѓачи од Премиер лигата кои не можел да ги поднесе
-
Лига на шампионипред 6 часа
Ристовски не се согласува со хрватската јавност по чудниот меч на „Максимир“: Таков е фудбалот
-
Германијапред 18 часа
Вернер се врати во старото јато и порача: Сакам да станам првиот играч во историјата на Лајпциг кој…