Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Корнерот на Наполи заврши со историски гол, Гарсија заклучи: Мора да ја научиме лекцијата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Наполи не ја оправда фаворитската улога и на домашен терен одигра само 1:1 со Унион Берлин, што беше доволно за историски момент во најелитното европско натпреварување.

Германскиот тим го постигна првиот гол во историјата на Лигата на шампионите и подоцна го освои првиот бод, а погодокот на Фофана пристигна по една контра на гостите.

Еден корнер на Наполи се претвори во брза контра и гол за 1:1, па тренерот Руди Гарсија не пропушти да нагласи дека неговите фудбалери не го испочитувале зацртаното правило.

– Голот кој го примивме уништи се, ни ја уништи добрата партија. Заслуживме да победиме, едноставно не смеевме да примиме гол после наш корнер.

– Тоа беше единствената негативна работа од овој меч. Обично оставаме по тројца играчи кога напаѓаме со корнер, но кога водиме, треба да бидат четворица. Овојпат не бевме на своите позиции, брзо го извдовме корнерот и се надевам дека ова ќе ни послужи како лекција за наредните натпревари, – изјави Гарсија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни