Поврзете се со нас

Формула 1

Корина Шумахер во документарецот на „Нетфликс“: Михаел ми рече дека снегот не е добар

Објавено

на

Документарецот на „Нетфликс“ за Михаел Шумахер ќе биде достапен на 15. септември, а најавата за истиот веќе предизвика големо внимание меѓу неговите фанови и спортската јавност.

Формула 1 легендата продолжува со рехабилитацијата по несреќата при скијање и неговото семејство со години успева да го заштити од интересот на медиумите и јавноста.

„Нетфликс“ најави дека документарецот за Шумахер ќе донесе ексклузивни изјави од неговите соработници, клупски колеги и Ф1 ривали, но и од неговото семејство предводено од сопругата Корина.

„Билд“ денеска објави една изјава на Корина, која ќе биде дел од серијалот, што само посебе е најава за деталите кои досега не и беа познати на јавноста.

– Никогаш не сум го обвинила Господ за она што ни се случи.

– Тоа беше само лоша среќа, не можете да биде помалерозни од ова.

– Непосредно пред несреќата Михаел ми рече: Снегот не е добар, треба да одиме во Дубаи, – открива сопругата на Шумахер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни