Италија
„Кориере“: Мурињо донесе конечна одлука, знае каде ќе работи наредната сезона

Жозе Мурињо со своите изјави во последно време отвори големи сомнежи околу иднината која ја има во Рим, но на последниот разговор кој го одржал со директорот Пинто и останатите водечки луѓе на Рома, Португалецот дал збор, а кога прави тоа, обично секогаш го исполнува ветеното.
Угледниот „Кориере дело Спорт“ денеска излезе со ексклузива за трофејниот португалски стручњак, кој и покрај сите поплаки за ростерот со кој располага Рома, на крајот одлучил да го доработи договорот со „волчицата“ и да остане на „Олимпико“ до 2024-та година.
Според изворите на добро упатениот медиум, Мурињо ја донел оваа одлука пред почетокот на интернационалната пауза поради репрезентативни обврски, што значи дека ќе биде недостапен за заинтересираните страни и во летниот преоден рок.
Мурињо изминатиот декември одби примамлива понуда од Португалија да го води националниот тим по разделбата која ја имаше Фернандо Сантош, а очигледно зборот кој го има дадено за него тежи повеќе од сите предизвици кои ги добива на маса.
Жозе во последно време беше контактиран од Њукасл и ПСЖ за да ги води идните проекти на двата тима, но „Кориере“ тврди дека тоа нема да се случи и дека Мурињо решил да остане во Рома до последен ден од договорот кој го потпиша во 2021-ва година.
-
Англијапред 21 час
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 18 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
АТПпред 11 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 22 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 20 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 22 часа
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 13 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)