Поврзете се со нас

Англија

Корекција на правилото кое ги разбесни фановите: Премиер лигата ќе стартува со ВАР новитет (Фото)

Објавено

на

Премиер лигата беше единственото натпреварување во кое се мереа милиметри и се користеше геометрија за детектирање на офсајд ситуации, правило кое ги доведе до лудило искрените фудбалски фанови, но и англиските експерти кои постојано заклучуваа дека се загуби убавината на фудбалската игра.

Доста често знаевме да бидеме сведоци на маргинални офсајди и поништени голови поради прст и лакт, а ваквите бизарни моменти очигледно ги натераа одговорните луѓе во Премиер лигата да реагираат и да воведат еден новитет во пресрет на новата сезона.

Со почетокот на новата кампања, во Премиер лигата ќе се користат подебели линии во ВАР собата за одредување на офсајд ситуации, со што се очекува да се спречат слични и фрустрирачки ситуации како оние минатата година, новитет кој би требало мала предност да им даде напаѓачите.

Оваа одлука била донесена на вчерашниот состанок кој бил одржан од страна на акционерите на Премиер лигата, а примената на подебели линии е дозволено правило од страна на УЕФА и веќе се користи во Холандија.

Сите во Англија беа свесни дека е потребна корекција и подобрување на ВАР системот, но како ќе изгледа видео технологијата со прифатениот новитет останува да видиме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни