Кореецот Чунг победи на турнирот на идни ѕвезди во Милано

Hjeon-cchung

Хјеон Чунг е победник на турнирот на идните ѕвезди кој изминатите неколку дена се одржуваше во Милано, а Кореецот во финалето вечерва беше подобар од рускиот тенисер Андреј Рубљeв со 3:1 во сетови.

Ова натпреварување се одигра со неколку нови правила меѓу кои и тоа дека сетовите се освојуваат со четири гејма, а Чунг покажа дека поседува голем талент и најави дека ќе биде тенисер од кој може да се очекува многу наредната деценија.

Корејскиот тенисер ги доби сите мечеви на овој турнир, односно забележа скор од 5:0, а меѓу нив се и двете победи над Рубљeв, од кои побитната е таа во финалето. За овој „Next Gen“ успех Чунг ќе заработи и 390.000 долари. Покрај финалистите, на турнирот учествуваа и Шаповалов, Хачанов, Доналдсон, Квинѕи, Чориќ и Медведев.

Facebook Коментари