Поврзете се со нас

АТП

Кореча за Ѓоковиќ: Најдобар е на светот, има 20 грен слем титули, нема потреба…

Објавено

на

Пред нас се Олимписките Игри во Токио, а една од дисциплините, турнирите кој привлекува внимание е дефинитивно тенисот каде главниот збор се очекува да го има Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ се одлучи да се обиде уште еднаш да дојде до медела на најголемиот светски настан, нешто што му недостасува во неговата кариера. Со оглед на тоа што добар дел на ѕвезди, квалитетни имиња одлучија да не заминат во Јапонија тоа го направи Ноле да биде апсолутен фаворит за триумф со оглед на добрата форма во која се наоѓа како и фактот дека во 2021 ги освои Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон.

Секако ова ќе донесе и одреден притисок за Ѓоковиќ, но според некогашниот шпански ас Алекс Кореча тој нема потреба да се докажува и да одигра слободно без императив дека едноставно мора да освои златен медал.

-Ѓоковиќ е прв фаворит, како може поинаку? Сите се согласуваме за тоа. Фактот дека не се игра во трите освоени сета им дава шанса и на другите играчи како што се Медведев или Зверев.

-Ова значи дека има доволно енергија. Мислам дека не треба ништо да докажува. Тој е прв тенисер во светот, има 20 грен слем титули, најмногу време помина на врвот на АТП-листата … Ако е максимално подготвен, има големи шанси. Но, потребно е да се оди чекор по чекор, тенисерите се на екстремно високо ниво … Не би вршел премногу притисок дека треба да освои злато. Не би бил разочаран ако сум на негово место и да не освојам злато. Тој не треба да чувствува поголем притисок од останатите, -смета Шпанецот кој своевремето беше на второто место на АТП листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни