Поврзете се со нас

АТП

Кореча: Синер е перфектна машина

Објавено

на

Foto:x.com/usopen

Јаник Синер имаше уште една успешна сезона во која едноставно потврди дека е најдобар тенисер на светот во овој момент.

Италијанецот освои грен слем титули, триумфираше на големи турнири, славеше и со својата земја во Дејвис Купот што јасно говори за неговата позиција, знаење, квалитет, партии со кои изнуди многу комплименти од поранешни значајни асови како што е Алекс Кореча.

-Јаник Синер е перфектна машина.  Неверојатно е колку брзо игра и ја удира топката што е можно почисто. Неговиот форхенд сега е многу подобрен и неговиот бекхенд е фантастичен. Сервисот на Синер е прецизен секогаш кога е потребно. Сепак, она што најмногу ме импресионира е неверојатната брзина на неговата игра. Неговата работа со нозе е фантастична. Јаник е секогаш зад топката, секогаш подготвен да распали. Моќта на неговите удари е зголемена, како и квалитетот на неговите напади кон мрежата.

-Многу е тешко да се одржи нивото против него бидејќи е како маратонец од првиот до последниот поен. Тој игра со полна брзина. Затоа противниците се мачат толку многу и не знаат како да се справат со него. Затоа Јаник оваа година делува непобедливо. Ќе продолжи да ја подобрува играта. На пример начинот на кој оди на мрежа и волеј ударите. Од ритерн може да игра поагресивно и да направи уште еден чекор поблиску. Сигурно ќе стане уште посилен физички. Убеден сум дека ќе биде многу успешен и во 2025 година, -вели Шпанецот за „Јуроспорт“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни