Поврзете се со нас

АТП

Кореча: Не е лесно да се победи Ѓоковиќ во три сета

Објавено

на

foto:twitter.com/5SportsNet

Утре се играат полуфиналните мечеви на Ролан Гарос, а сите со нетрпение го очекуваат оној со кој ќе се отвори програмата Карлос Алкарас-Новак Ѓоковиќ.

Ова за многумина е финале пред финалето, односно победникот од истиот ќе има големи шанси или ќе биде фаворит за освојување на пехарот во завршната средба на Френч Опен. Ѓоковиќ е далеку поискусен од Шпанецот, ама ако се погледнат букмејкерите и нивните квоти Алкарас е тоа што е фаворит барем на хартија.

Меѓутоа едно е јасно, не очекува голема битка, а пред истата Алекс Кореча направи кратка анализа и му даде совет на неговиот сонародник.

-Сигурен сум дека нема да му биде лесно на Алкарас, но во Шпанија сите веруваат во него. Ќе мора да помине низ маки, бидејќи не е лесно да се победи Новак во бoрба во три сета. Мора да биде трпелив и да ја чека својата шанса. Тој мора да ја игра својата игра. Тој не мора да менува ништо конкретно. Знае дека Новак има големо искуство на вакви натпревари.

-Ѓоковиќ ќе се обиде да сервира што подобро. Карлос мора да го диктира темпото, да игра агресивно, ама да не брза. Тешко е да се одржи нивото два и пол, три часа, борејќи се за секој поен. Добро е да се биде креативен, но можеби ќе треба да биде практичен, да не оди по видер во секој удар, бидејќи Новак секако ќе биде стабилен цело време, -порача човекот кој двапати во кариерата играше финале на Ролан Гарос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни