Поврзете се со нас

АТП

Кореча: Федерер може да биде многу опасен на Вимблдон

Објавено

на

Пред нас е новото издание на Вимблдон, турнир на кој најголем фаворит за пехарот дефинитивно е Новак Ѓоковиќ.

Ова е турнир од кој се откажаа неколку имиња, па останува отворено прашањето кој едноставно може да му застане на Ѓоковиќ на патот до 20. грен слем титула. Дел од јавноста се надева дека Рожер Федерер ќе може токму во Лондон да заигра на високо ниво и да го направи турнирот многу поинтересен.

Тревата е подлога која дефинитивно е омилена за Федерер кој има многу успеси на Вимблдон во минатото, ама тој веќе е во 40. година од животот, имаше долга пауза од терените и сега полека се обидува да дојде до нивото кое го посакува.

Некогашниот втор светски рекет, Алекс Кореча верува дека Швајцарецот може да биде опасен особено ако ги одигра како што знае почетните мечеви.

-Се грижам само за состојбата на неговото колено, затоа што е нормално се уште да не се движи најдобро. Веројатно му е потребно време. Дали ќе биде доволно подготвен за Вимблдон? Па, веројатно му треба исклучително добра прва недела, да влезе во ритам и да може да игра добро втората. Ако успее во тоа, може да биде многу опасен. Сепак, многу играчи можат да му направат проблем, а досега само двајца или тројца беа во можност тоа да го направат, -вели Кореча кој во кариерата освои 17 титули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни