Поврзете се со нас

Шпанија

Кореа се извини за големиот испад кон судијата: Ова е некарактеристично за мене (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Atleti

Анхел Кореа на најлош можен начин си го „честиташе“ својот 30-ти роденден, бидејќи во ситуација кога Атлетико правеше се за да се одбрани од Хетафе, Аргентинецот направи старт за црвен картон, кој потоа жестоко му се удри од глава и нему, но и на неговиот тим.

Атлетико прими два гола во завршницата и на крајот загуби со 2:1, но дополнителен проблем за Кореа е тоа што имаше навистина голем испад во моментите кога го напушташе теренот.

Кореа имаше роденденско помрачување: На Аргентинецот му се заканува сериозна казна од Ла Лига (Видео)

Напаѓачот му подели неколку погрдни зборови на главниот арбитар Куадра Фернандез и во најмала рака ќе добие суспензија од четири меча, бидејќи пцостите кои ги употреби се навистина лоши и недолични за професионално ниво.

Свесен за глупоста која ја направи, Кореа имаше и официјално обраќање преку социјалните мрежи, кое реши да го искористи за јавно да му се извини на главниот судија.

– Сакам да му се извинам на главниот судија Куадра Фернандез за мојата реакција по исклучувањето. Мојата почит кон судиите секогаш е на завидно ниво и ваква реакција е некарактеристична за мене. Бев многу лут што го оставив тимот на цедило во толку деликатен дел од мечот, па затоа реагирав на најлош можен начин.

– Се надевам дека судијата ќе го прифати моето искрено извинување. Исто така, сакам да им се извинам на моите соиграчи, на стручниот штаб, но и на цела наша фан база за акцијата која ја реализирав и која скапо ја плативме како тим, – порача Кореа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни