Шпанија
Кореа имаше роденденско помрачување: На Аргентинецот му се заканува сериозна казна од Ла Лига (Видео)

Атлетико Мадрид испушти важна победа во самата завршница и на крајот доживеа болен пораз од градскиот ривал Хетафе, кој со два гола во последните минути му нанесе тежок удар на Диего Симеоне.
Гостите од „Метрополитано“ водеа на тешкото гостување против избраниците на Бордалас со 0:1, но откако Анхел Кореа заработи директен црвен картон, играта на Атлетико се распадна како кула од карти.
„Колчонеросите“ примија гол во првата акција по исклучувањето на Аргентинецот, а потоа примија уште еден гол, кој направи роденденот на Кореа да се памети по тежок пораз.
Кореа обично е „џокер“ на Симеоне на најважните натпревари, но денеска направи вистинска глупост на денот кога слави 30 години, бидејќи најпрво со остарт старт се погрижи за исклучување, а потоа со погрдните зборови кои му ги испрати на судијата, најверојатно си осигура и жестока казна.
Судијата Куадра Фернандес во својот судиски записник открил со кои зборови му се обратил Кореа по добиениот црвен картон, а според протоколот, Анхел сега го чека суспензија од четири до дванаесет меча.
– Во 88-та минута, играчот Анхел Кореа беше исклучен поради опасен старт кон противнички играч, ситуација во која употреби прекумерна сила. Откако му покажав црвен картон, истиот играч ми се обрати со следните термини: Кучкин сине, ти си голем серко….. Да ти е..м мајката, – гласи судискиот записник на Фернандез.
Correa se va diciendo "Sos un hijo de puta".
A ver no es el “fuck off" de Bellingham y lo dice en argentino y es más difícil de entender..pero esta feo igual, digo yo.pic.twitter.com/50ryKzyOcm
— FeyValentine (@valentine_fey) March 9, 2025
-
Игри на среќа24 часа
Евротип: Бомба од тикет за гигантска добивка
-
Свет23 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони12 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет11 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Англија23 часа
Галас за потегот на Артета: Тоа покажува дека не е тренер од светска класа
-
Англија22 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Италија8 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Германија22 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)