Поврзете се со нас

Македонија

Кордоба потпиша за Брегалница, Мирковиќ се врати во Тиквеш

Објавено

на

Македонските прволигаш Брегалница и Тиквеш ги потврдија најновите засилувања во овој летен преоден рок.

Клубот од Штип се засили со Колумбиецот со македонски пасош Александер Борха Кордоба. Тој е второ засилување за оваа екипа по Ѓорѓи Ѓорѓиев кој пристина од Борец.

Во исто време Брегалница ја продолжи соработката со офанзивецот Марјан Алтипармаковски како и тренерот Илѓо Ѓорѓиоски.

Кога е во прашање Тиквеш, повратник во Кавадарци е Урош Мирковиќ. Српскиот интернационалец одлучи да се врати во тимот каде претходно имаше добри партии и се очекува да биде добро засилување за составот на Влатко Костов.

Пред Мирковиќ пристигна и Александар Ѓурковски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни