Поврзете се со нас

Свет

Кордоба му ја предложи најдобрата дестинација на подзаборавениот Родригез

Објавено

на

Хамес Родригез бележи загрижувачки пад во фудаблската кариера и враќањето во Реал Мадрид се покажа како огромна грешка, од едноставна причина што Зинедин Зидан речиси и да не му даде шанса за игра на колумбискиот фудбалер.

Некогашната „Златна копачка“ на Светското првенство од пред шест години се наоѓа на сериозен крстопат, бидејќи претстојниов преоден рок може да биде клучен за тоа во кој правец ќе продолжи неговата кариера.

Родригез дефинитивно мора да донесе одлука која ќе оди во негов прилог и кога ќе му донесе редовна минутажа во еден клуб, а повеќе од јасно е дека тоа не е Реал Мадрид.

– Хамес поседува се што треба да биде врвен играч. Мислам дека идеално и најдобро за него ќе биде да замине во Англија. Премиер лигата му нуди неколку опции и тоа е добро за него, – вели неговиот сонародник Иван Кордоба за „Дејл меил“ и додава.

– Ако гледам себично, сакам да заврши во Интер, но Премиер лигата ќе биде најдобра дестинација за него во овој момент. И покрај тоа, се надевам дека еден ден ќе може да ме замени како колумбиски фудбалер во Милано, – додаде поранешниот дефанзивец.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни