Поврзете се со нас

АТП

Корда: Две години чекам да играм со Ѓоковиќ

Објавено

на

Себастијан Корда славеше над Гаел Монфис и се избори за четвртфинале на АТП Мастерсот во Мајами каде за ривал ќе го има Новак Ѓоковиќ.

Корда има проблеми со раката и прашање е колку и дали ќе може да му се спротистави на Ѓоковиќ, но Американецот има голема желба и ако се суди по неговите зборови ќе стегне заби за да излезе на мегдан со човекот рекордер по освоени грен слем титули.

-Две години чекам да играм со него. Уште од тој натпревар во кој не искористив меч топка. Сакам да видам до каде е сега мојата игра. Да видам што сум научил од тој меч, -вели Корда алудирајќи на финалето во Аделејд во 2023 година каде Ноле триумфираше со 6:7 (8:10), 7:6 (7:3), 6:4.

Ова соочување е закажано за в четврток наутро од 01:30 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни