Поврзете се со нас

Европски првенства

Коралес расположен во клучните моменти, Шпанија си обезбеди полуфинале на ЕП

Објавено

на

Шпанија ја победи Полска со 28:27 и го потврди пласманот во полуфиналето на Европското ракометно првенство.

Шпанците неколку пати се одлепуваа на плус три на овој натпревар од главната фаза, но Полска ја одржуваше неизвесноста и на крајот можеше да стигне и до многу подобар резултат.

Сепак, противникот на голот го имаше расположениот Коралес, кој со неколку клучни одбрани ја зачува минималната предност на „фуријата“ и ја потврди победата на својата репрезентација.

Соле и Касадо Марсело со по 4 гола беа најефикасни во редовите на шпанската селекција, додека Морито со 6 гола ги предводеше полските реализатори.

Шпанија обезбеди место меѓу најдобрите четири селекции на ова ЕП, а Норвешка и Шведска во меѓусебен дуел ќе го решаваат вториот патник во полуфиналето од оваа група.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни