Коралес одбрани зицер во последните секунди, ПСЖ избегна пораз од Нант (Видео)

kiro-turna

Кире Лазаров и неговите соиграчи од Нант беа многу блиску до голема победа над ПСЖ, но лидерот во француското првенство извлече реми на тешкото гостување (29:29).

Домаќините на полувреме водеа со 16:15, ПСЖ одржуваше рамнотежа до крајот, но Нант го имаше последниот напад во кој пикерот Турна во последните секунди не успеа да го совлада Роберт Коралес. Шпанскиот голман го одбрани зицерот на Турна и ги потврди конечните 29:29.

Лазаров постигнал 2 гола на оваа средба, а најефикасни во тимот на Нант биле Ниокас и Турна со по 6 погодоци.

Кај ПСЖ кој е предводен од Раул Гонзалес, Сагосен постигнал 6, а Сигурдсон 5 погодоци.

На табелата ПСЖ и Нант ги задржуваат првото и второто место, со шест бодови предност во корист на клубот од Париз.

Facebook Коментари