Поврзете се со нас

СЕХА лига

Коралес е МВП на турнирот, само еден вардарец во идеалната седумка

Објавено

на

Во Задар беше комплетирана сезоната 2019/2020 во СЕХА лигата и тоа со триумф на Веспрем кој во финалето беше подобар од Вардар.

Од овој турнир стандардно беа избрани најдобрите и тоа со помош на фановите кои одлучија признанието за МВП да заврши во рацете на голманот на Веспрем, Родриго Коралес. Неговиот соиграч Блаж Благотиншек пка беше прогласен за најдобар дефанзивец, додека пак во идеалната седумка имаше место само за еден играч на Вардар, бекот Ловро Јотиќ.

Ова е седумката која го одбележа фајналфор турнирот:

ГОЛМАН: Родриго Коралес (Веспрем)

ЛЕВО КРИЛО: Давид Мандиќ (ППД Загреб)

ЛЕВ БЕК: Александер Шкурински (Мешков Брест)0

СРЕДЕН БЕК: Ловро Јотиќ (Вардар)

ДЕСЕН БЕК: Хорхе Македа (Веспрем)

ДЕСНО КРИЛО: Гашпер Маргуч (Веспрем)

КРУЖЕН НАПАЃАЧ: Андреас Нилсон (Веспрем)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни