Поврзете се со нас

Италија

Копмајнерс за последниот проблем: Комплицирана болка поради која 20 дена спиев на фотелја

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/juventusfcid

Теун Копмајнерс беше најголема инвестиција на Јувентус во летниот преоден рок, но холандскиот фудбалер покрај потребната адаптација, имаше и проблеми со повреди, поради што се уште е далеку од формата по која беше препознатлив во редовите на Аталанта.

Копмајнерс го очекува првиот гол во дресот на „бјанконерите“, а во најновото интервју зборувал за последната повреда од која се рехабилитираше и зошто претходно ги одбил понудите од англиските клубови.

– Последната повреда беше комплицирана, бидејќи се работеше за проблем кој го чувствував со секое движење, дури и дишењето ми беше отежнато. Морав да живеам со оваа ситуација неколку недели и не е лесно кога имаш проблеми кога дишеш. Спиењето исто така беше комплицирано, морав да спијам на фотелја, бидејќи чувствував поголем притисок и болка во хоризонтална позиција, – открил холандскиот фудбалер.

– Знаев дека англиски клубови се интересираат за мене, но кога слушнав за Јувентус, веќе немав дилеми кој ќе биде мојот следен клуб.

– Ми се допадна овој клуб уште од првиот момент кога се преселив во Италија, но реално јас бев фан на Јувентус уште од детството во Холандија. Екипата секогаш беше составена од големи шампиони, а посебно ми се допаѓаше Зидан.

– Фактот што сум овде е како остварување сон, нешто што го посакував уште од дете, – рекол Копмајнерс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни