Поврзете се со нас

Европски првенства

Копмајнерс разочаран: Летото ми се претвори во кошмар (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atalanta_BC

Теун Копмајнерс пристигна во најдобра форма во завршницата од сезоната и беше еден од најзаслужните за историскиот успех кој го оствари Аталанта во Лига Европа, но за жал, судбината си поигра со холандскиот репрезентативец во најлош можен период.

Копмајнерс требаше да биде клучен играч за врска во тимот на Холандија на Европското првенство, но за жал вчера пристигна потврда дека Теун нема да може да им помогне на своите соиграчи.

Поради мускулна повреда, Копмајнерс ќе мора да паузира еден месец, а тоа автоматски значи дека нема никаква шанса да настапи на турнирот во Германија и во подоцнежната фаза.

– Тоа што требаше да претставува прекрасен месец за мене, за жал се претвори во кошмар. Со големо разочарување и тага ги слушнав резултатите од медицинските тестови.

– За жал, немам никакви шанси да настапам на Европското првенство. Ќе беше голема чест да се бранат боите на Холандија на завршен турнир. Сега не ми преостанува ништо друго, освен да го бодрам тимот како секој друг фан на Холандија, – порача Копмајнерс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни