Поврзете се со нас

Италија

Копмајнерс проработе, Јувентус избегна уште еден кикс против Лече (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/juventusfc

Јувентус стигна до победа во дуелот со Лече (2:1), иако на крајот домашниот тим направи неколку грешки по кои можеше да биде шокиран вторпат сезонава од истиот противник.

Во првиот дел од сезоната, Лече со гол во судиското надополнување стигна до важен бод, а вечерва не успеа да го реализира истото сценарио и избраниците на Игор Тудор освоија три важни бодови во обидот да изборат пласман во Лигата на шампионите.

Теун Копмајнерс за промена ги израдува фановите на „бјанконерите“ и уште во втората минута го отвори резултатот за почетно водство, а на вториот гол се чекаше до 33. минута кога Јилдиз, повторно на асистенција на Влаховиќ, ја круниса атрактивната тимска акција со погодок за посолидна предност.

Јувентус не ја повтори играта во најголем дел од второто полувреме, а Лече зададе сериозен удар во 87. минута, кога Баскирото го совлада Ди Грегорио и предизвика паника во одбраната на домашните.

Следуваа неколку грешки во додавања и опасни акции на Лече, но Јувентус овојпат не беше казнет за опуштањето во играта и на крајот стигна до победата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни