Поврзете се со нас

Италија

Копмајнерс и Гонзалес погодија атрактивно, Јувентус завери четвртфинале во Купот (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/juventusfc

Екипата на Јувентус не дозволи нов кикс во домашните натпреварувања и со убедливи 4:0 го совлада Кајлари во осминафиналето на Копа Италија.

Фаворитот продолжува во четвртфиналето, победувајќи ја екипата против која загуби два бода во домашното првенство, а сега успеа да ја совлада со доминантен настап и неколку атрактивни погодоци.

Калјари во првата минута ја имаше својата најголема шанса, но Ди Грегорио одбрани, а подоцна неговите соиграчи ја претворија иницијативата во позитива.

Најпрвин Влаховиќ добро се снајде во шеснаесетникот и го отвори резултатот за водство 1:0 на полувреме, а триумфот го најави Копмајнерс со атрактивен погодок од слободен удар во 53. минута.

До крајот реализираа уште две засилувања сезонава, односно Консеисао и Гонзалес, а посебно се истакна Аргентинецот со својот соло продор и атрактивна завршница за конечни 4:0.

Следен противник на Јуве е Емполи, кој во претходната фаза ја изненади Фиорентина.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни