Копа Дел Реј: Барселона и Реал се избегнаа во осминафиналето, Димитриевски и Рајо ќе се надигруваат со Вилјареал

kopa del rej

Познати се паровите за осминафиналето на Купот на Шпанија, фаза во која ќе видиме само две битки на екипи од највисокиот ранг.

Имено Барселона и Реал се избегнаа, па така актуелниот шпански шампион и вицешампион во ова натпреварување ќе игра со Леганес на „Камп Ноу“, додека пак четата на Зинедин Зидан ќе и гостува на Сарагоса. Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски со Рајо Валјекано на домашен терен ќе игра против Вилјареал.

Најголемите изненадување Бадахоз и Културал Леонеса имаат уште една шанса да шокираат клубови од Примера, но за да се случи тоа ќе мора да бидат подобри од Гранада, односно Валенсија.

Мечевите од осминафиналето ќе се играат во периодот од 28 до 30 јануари.

Facebook Коментари