Поврзете се со нас

Англија

Конверзацијата меѓу Гвардиола и Сон по крајот на мечот дополнително ги разбесни навивачите на Арсенал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Пеп Гвардиола падна на земја во моментите кога Хеунг Мин Сон излезе сам пред голот на Манчестер Сити, а на крајот беше поштеден од вистински шок бидејќи голманот Ортега имаше спектакуларна интервенција.

Резервистот на Манчестер Сити се претвори во вистински херој и уште еднаш потврди дека секогаш е подготвен да му помогне на тимот, па поради тоа доби и големи пофалби од својот менаџер по триумфот од 0:2.

Фановите на Арсенал уште долго ќе се сеќаваат на шансата на Сон ако на крајот останат без титулата во Премиер лигата, а покрај разочарувањето, голем дел станаа уште побесни на Кореецот поради конверзацијата која ја имаше со Пеп по крајот на мечот.

Гвардиола очигледно имаше што да му каже на напаѓачот на Тотенхем по крајот на мечот, по што дел од фановите на Арсенал почнаа да се сомневаат дека Кореецот намерно промашил во дадената ситуација.

При блиската конверзација, Сон го заврши разговорот со насмевка на лицето, па оваа сцена дефинитивно уште толку ги разлути и онака разочараните „топчии“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни