Поврзете се со нас

Италија

Контроверзниот Бекали ја употребил Рома за да го продаде Раду во Лацио

Објавено

на

Стефан Раду повеќе од деценија настапува во редовите на Лацио, но ситуацијата можела да биде многу поинаква тврдат романските медиуми.

Раду бил позајмен на една сезона од Динамо Букурешт за 1 милион евра, а по крајот на истата Лацио не бил расположен да плати уште 4 милиони евра за да го откупи договорот на дефанзивецот.

Но, во случајот се инволвирал контроверзниот Џиџи Бекали, кој за одреден интерес решил да му помогне на раководството на Динамо побарал асистенција од Рома, најголемиот ривал на „лацијалите“ кои очигледно му помогнале да го надмудри Клаудио Лотито.

Романскиот клуб испратил лажен факс наводно добиен од Рома, во кој „волчицата“ понудила 5 милиони евра за Раду, со што изнудил експресна реакција од Лацио, по која трансферот бил заокружен за 4 милиони евра.

Сепак, денеска Лацио може да биде задоволен од трансферот, бидејќи Раду има важна улога во тимот кој се бори за скудетото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни