Поврзете се со нас

Боречки спортови

Контроверзната алжирска боксерска се пласираше во полуфиналето и испрати порака со солзи во очите: Ова е за сите жени! (Видео)

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/COAlgerie/

Алжирката Иман Келиф стана најкоментирана личност на Олимписките игри во Париз во изминатите два дена, откако се појавија сомнежи околу одредувањето на нејзиниот пол.

Поради повисоко ниво на тестостерон и присуство на машки хромозоми, Келиф беше дисквалификувана од Светското првенство минатата година, но иако тестот за одредување на полот не бил комплетиран, меѓународната Олимписка Федерација и дозволи на Алжирката да се натпреварува во Париз.

Откако пристигнаа низа напади за побоедата над Келиф над Италијанката Карини, Алжирците почнаа да излегуваат со биолошки докази дека Иман е родена како девојче, па сето ова направи да се бори под голем притисок во денешното четвртфинале.

Алжирката денеска имаше борба за Унгарката Ана Лука Хамори и успеа да победи по три комплетирани рунди со едногласна судиска одлука, па откако срдечно се поздрави со ривалката, не можеше да ги сокрие солзите поради целата прашината која се крена околу нејзиниот настап на најважниот спортски настан.

Алжирските медиуми и даваат огромна поддршка на својата претставничка и по остварената победа пишуваат дека Иман уште еднаш им задала тежок удар на хејтерите, но истовремено ја пренесоа и изјавата која ја дала Келиф веднаш по борбата.

– Горда сум шт ноосам медал за својата земја со мојот настап во Париз. Работев напорно за да дојдам до тука. Сакам да им се заблагодарам на сите оние кои ме поддржуваат и кои веруваат во мене. Ова е победа за сите жени!, – порачала Келиф.

Само за напомена, во олимпискиот бокс се доделуваат по два бронзени медали, па Келиф со пласманот во полуфиналето веќе обезбеди медал за својот Алжир.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни