Поврзете се со нас

АТП

Контроверзна одлука на меч топка во Синсинати: Оже-Алиасим „ограбен“, противникот блефираше (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Осминафиналниот меч на Мастерсот во Синсинати меѓу Џек Дрејпер и Феликс Оже-Алиасим донесе контроверзен момент каков што немало одамно на елитната тениска сцена.

Британскиот тенисер успеа да се врати во мечот откако имаше негатива од еден сет, се избори за трет решавачки сет, а во него имаше меч топка на 5:4 (40:30).

Тогаш на сцена дојде конфузниот момент во кој се чини дека Оже-Алиасим е сериозно оштетен бидејќи судијата на стол не успеа да го види она што беше клучно, а тоа е дека топчето удри во полето на Дрејпер веднаш откако Британецот го закачи со својот рекет.

Судијата тврдеше дека не видел такво нешто, Дрејпер исто така, па попусти беа протестите на секогаш коректниот Оже-Алиасим кој мораше да ја прифати одлуката и фактички го загуби мечот со тој контроверзен поен.

Видео од спорниот момент објави и Стефанос Циципас, кој загуби во претходното коло од Дрејпер.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни