Поврзете се со нас

Европски првенства

Контроверзен пенал и планирано реми меѓу Словачка и Романија, Украина ги пакува куферите (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/BelRedDevils

Групата Е на турнирот во Германија испадна најнеизвесната група во историјата на Европските првенства, бидејќи ниту еднаш претходно четири тима не биле изедначени како овојпат.

Судбината посака сите четири тима да имаат по четири бода по три комплетирани рунди, со тоа што Романија заврши прва, а Украина последна и покрај завршните обиди да стигне до гол против Белгија.

Дуелот меѓу Словачка и Романија беше коментиран неколку дена наназад и беше најавено дека двете селекции ќе одиграат реми, резултат со кој и двете се пласираа во нокаут фазата. И покрај тоа што падна по еден гол на оваа средба, двете репрезентации одигра според планираното и со конечните 1:1 си поделија по еден бод, што автоматски ги однесе во осминафиналето на Европското првенство.

Словачка поведе со голот на Дуда, но Романија доби контроверзен пенал пред крајот на првиот дел, иако во прв момент беше покажан прекршок надвор од шеснаесетникот од главниот судија.

По проверката на ВАР, беше оценето дека повлијателен бил вториот контакт, па така Романците добија пенал и преку Марин израмнија на 1:1. Резултатот не се менуваше до крајот и двете селекции се задоволија со освоениот бод, а секако и пласманот во втората фаза.

Во осминафиналето ќе ја гледаме и Белгија која денеска едвај издржа да не прими гол од Украина, но како второпласирана во групата ја чека тежок испит во нокаут фазата, бидејќи веднаш налетува на силната Франција.

Спорниот пенал погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни