Поврзете се со нас

Шпанија

Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Osasuna

Осасуна израмни на 1:1 против Атлетико Мадрид во 76-та минута, но на крајот овој гол не беше запишан на семафорот поради контроверзната одлука која ја донесе главниот судија.

Домашните играчи и навивачи жестоко протестираа на случувањата во период од неколку минути, бидејќи судијата Мунуера виде фаул во напад од Ороз, иако претходно Хименез беше тој кој го туркаше со раце фудбалерот на Осасуна.

Поради користењето на физичка сила од страна на стоперот, Ороз несакајќи го удри Витсел со рака, па судијата процени дека има доволно елементи за да го поништи израмнувачкиот гол на Осасуна.

Ова ги разбесни сите во домашниот табор, а тренерот Арасате беше убедливо најгласен и доби директен црвен картон. Тука не заврши крајот на тензијата, бидејќи Атлетико веќе во следниот напад зголеми на 0:2 и го реши прашањето околу победникот, а до крајот видовме уште една мешаница.

Чими Авилја и Алваро Мората поради недисциплина беа испратени на предвремено туширање, првиот поради директен црвен, а Алваро поради втор жолт картон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни