Поврзете се со нас

Франција

Контрата на Монпелје се претвори во спектакуларен гол: „Проектилот“ на Кен му донесе победа на ПСЖ (Видео)

Објавено

на

Томас Тухел го оствари замисленото на гостувањето кај Монпелје и одмори најголем дел од своите важни играчи за клучниот меч против Башакшехир во Лигата на шампионите, но истовремено се израдува и на нови три бода во Лига 1.

Фаворизираниот ПСЖ и со комбиниран состав славеше на незгодното гостување, а најзаслужен за тоа е Моизе Кен кој постигна спектакуларен гол кој беше одлучувачки за „одмрзнување“ на резултатот.

По 77 минути игра резултатот беше 1:1 со головите на Дагба и Мавидиди, но тогаш на сцена стапи поранешниот голем талент на Јувентус кој со фудаблско ремек-дело донесе водство за гостите од 1:2.

Тоа што требаше да претставува контра за Монпелје се претвори во фасцинантна и неодбранлива „бомба“ во мрежата на домашниот голман, бидеќи младиот Кен испрати исклучително силен и прецизен удар од тешка позиција.

Во завршната фаза од мечот, Тухел му даде мала минутажа и на Килијан Мбапе, кој пак во судиското продолжение го постигна голот за 1:3.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни