Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Контрата на Копенхаген против европскиот шампион ги импресионираше фудбалските фанови (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCKobenhavn

Копенхаген има пеколно тешка задача да брка позитивен резултат против европскиот шампион, но и во оваа пресметка покажа дека неслучајно се пласираше во осминафиналето.

Данскиот великан ја мина групата во која беа Манчестер Јунајтед, Галатасарај и Баерн Минхен и понуди партии кои навистина ги импресионираа неутралните фудбалски фанови, а дел од нив вечерва се воодушевени од акцијата која ја изведоа гостите на „Итихад“.

Фаворитот Манчестер Сити брзо поведе со 2:0 со погодоците на Аканџи и Алварез, но најдобриот потег во првиот дел го изведоа играчите на Копенхаген.

Елјуниси и Оскарсон ја извадија од игра комплетната одбрана на Пеп Гвардиола и постигнаа импресивен погодок за 2:1, па оваа мајсторија ги одбележа првите 45 минути на двата натпревари во Мадрид и Манчестер.

И покрај овој мајсторски гол, Копенхаген на полувреме не замина во посакувано расположение, бидејќи Халанд погоди во самиот финиш и Сити дојде до предност од 3:1 (вкупни 6:2).

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни