Италија
Конте: Жал ми е што го напуштив Јувентус, но не и за средниот прст кон Ањели

Антонио Конте постигна освои трофеи со повеќе клубови како фудбалер и тренер, но посебно место во неговата кариера има Јувентус.
Сегашниот италијански тренер е поранешен капитен на „бјанконерите“, како и екс тренер на клубот од Торино, со кого ја започна трофејната серија на Јувентус минатата деценија.
Во своето последно интервју, Конте зборувал за односот со овој клуб и неговите одлуки и потези направени во минатото.
– Еден тренер може да има одредена желба цел живот, но да не постои начин да отиде и да работи во одреден клуб.
– Не отфрлам враќање во некој од поранешните клубови, жал ми е што го напуштив Јувентус по само три години. Тогаш гледав големи проблеми во некои ситни работи и решив да заминам, – рекол Конте.
Антонио му покажа среден прст на поранешниот претседател Андреа Ањели и тоа додека го водеше големиот ривал Интер.
– Тоа беше моја реакција затоа што почувствував недостиг на почитување. Не жалам за тој потег, бидејќи не почувствував дека од другата страна има каење за таквиот однос. Подоцна го расчистивме тоа, – рекол Конте.
-
Италијапред 23 часа
Таткото на Кварацхелија откри за кој тим сонува неговиот син: Сите во нашето семејство се нивни фанови
-
Македонијапред 18 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 17 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 10 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Конференциска лигапред 23 часа
Навивачите на Абердин го прекинаа мечот во Европа: Го гаѓаа противничкиот голман со снежни топки (Видео)
-
Шпанијапред 12 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти за играчот кој им се извинуваше на фановите на Реал: Тој што работи секогаш, нема потреба да го прави тоа (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Флорентино и Чоло уловени во интересна конверзација: Ќе бидеш горд…… (Видео)