Поврзете се со нас

Италија

Конте забранил продажба на четворица играчи: Ставив вето за нивно заминување!

Објавено

на

Foto:x.com/sscnapoli

Антонио Конте вети максимален труд и секојдневна сериозност како нов тренер на Наполи, но за време на денешната промоција, објективно ги искоментира и неизвесните судбините на неколку ѕвезди во првиот тим.

Искусниот стручњак призна дека клубот постигнал договор со Виктор Осимен за негово заминување и не планира да му стои на патот, но затоа забранил продажба на четири фудбалери чија иднина е неизвесна.

Тоа се Квича Кварацхелија и Ди Лоренцо кои сакаат да направат трансфер по крајот на Европското првенство, но и Станислас Лоботка и Замбо Ангиса.

– Зборував со сите играчи за кои се пишуваво јавноста и директно им ги пренесов моите идееи. Одлуката секогаш е моја, јас одлучувам кој ќе биде дел од тимот. Оние кои ќе бидат со нас, ќе бидат 200 посто посветени на проектот. Ди Лоренцо е капитен на Наполи, го освои Скудетото и Европското првенство, го сметам за многу важен играч.

– Истото важи и за Кварацхелија, мислам дека лошиот крај на сезоната предизвикал одредено незадоволство. Сепак, со мене ќе добијат шанса за одмазда. Ставив вето за заминување на Квара, Ди Лоренцо, Ангиса и Лоботка, додека ситуацијата со Осимен е поинаква.

– Договорот меѓу клубот и Осимен се случил пред јас да пристигнам  тука, затоа нема да се мешам. Тој е топ играч, но постои претходен договор и тука немам никаква моќ, – изјави Конте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни