Англија
Конте за неочекуваниот „џокер“: Тој поседува квалитети какви што немаме во овој тим (Видео)

Чудесни пресврти се случуваат во фудбалот, а последен доказ за такво нешто е премиерлигашкиот натпревар меѓу Лестер и Тотенхем на кој гостите од Северен Лондон губеа со 2:1 до 95-та минута.
Кога се чинеше дека „петлите“ ќе претрпат незаслужен пораз, на сцена стапи неочекуваниот „џокер“ на Антонио Конте, односно фудбалерот кој се споменува со заминување во овој зимски преоден рок.
Стивен Бергвајн постигна два гола во 95-та и 97-та минута, па со оглед на тоа што влезе во игра во 79-та минута, јасно е дека комплетно го промени текот на мечот и заслужено го понесе епитетот на херој.
Антонио Конте им честиташе на своите фудбалери за вербата и борбениот дух до самиот крај, но сепак посебно го истакна Бергвајн за кого сега може да има и поинакво мислење во пресрет на завршните десет дена во зимскиот преоден рок.
– Ова е голема победа за нас, не заслуживме да загубиме, а ниту реми немаше да биде фер. Создадовме многу шанси, но немавме среќа. На крајот, покажавме дека никогаш не се откажуваме. Покажавме голема желба да не загубиме, па добивме и награда. Честитки до играчите, ова е нивна победа, а не моја.
– Веќе некое време говорам дека Бергвајн е важен за нас. Тој имаше мала минутажа и беше повреден, но има квалитети и особини кои недостасуваат во овој тим. Може да игра како напаѓач, како „10-ка“, креативен е, одличен во играта еден на еден. Може да ни помогне како стартер и како џокер од клупата да го промени текот на мечот. Тоа го направи овој пат, – изјави Конте.
-
Англијапред 12 часа
Сити беше на колена, па за пет минути направи чудесен пресврт и ја одбрани титулата во ПЛ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Играч на Реал го „поздрави“ Мбапе: Да се биде дел од Мадрид е привилегија која не може секој да ја има!
-
Македонијапред 22 часа
Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!
-
Македонијапред 10 часа
Давидовски по триумфот во ТЦР Европа: Знаев дека победата е на дофат!
-
Шпанијапред 20 часа
Последната објава на Бензема предизвика лавина од реакции: Карим изневерен од Мбапе (Видео)
-
Италијапред 9 часа
Ибрахимовиќ во елемент: Излезе да слави титула со пура и шампањ (ВИДЕО)
-
Светпред 18 часа
Класа потег: Иџе и Вуков први му честитаа на Давидовски за историскиот успех (Фото)
-
Францијапред 18 часа
Лизаразу во неверица: Мбапе фрли на колена една земја и најголемиот клуб во светот!