Италија
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…

Наполи не згреши и ги освои трите бода во соочувањето со Верона (2-0) со што ја потврди добрата форма и првото место во Серија А.
Тренерот Антонио Конте е задоволен од остварениот триумф и ритамот на неговата екипа во ситуација во која најверојатно ќе остане без најдобриот играч Хвича Кварацхелија во овој преоден рок. Грузиецот не сака да остане во Неапол, сака нов предизвик и како што стојат работите најверојатно ќе заврши во Франција во редовите на Пари Сен Жермен.
Во меѓувреме Конте се огласи за ова актуелно прашање и дообјасни некои работи, зборови кои според него претходно биле погрешно пренесени, протолкувани од медиумите.
-Сакам да подвлечам нешто. Чувствувам потреба да го направам ова, затоа што ако бев во Англија, можеби ќе помислев дека нешто се изгубило во преводот, но јас зборувам италијански и се чини дека луѓето погрешно разбираат што мислам. Зборував за разочарување не кон играчот, не кон клубот, туку кон себе, бидејќи за шест месеци не успеав да ја сменам ситуацијата. Не велам дека Квара или клубот ме изневери, јас секогаш ја преземам одговорноста за моите постапки, не ја ставам на некој друг.
-Мислев дека можам да имам поинакво влијание во овие шест месеци, но сфатив дека веднаш се вративме од каде што почнавме. Сакам да го објаснам тоа, затоа што видов некои наслови денес како „Конте го разочара Квара.“ Не ме разочара Квара. Верувам дека тренерот треба да му помогне на клубот да донесува одлуки и да советува кои играчи да потпишат. Кога сфаќам дека не можев да направам разлика овде, тоа е мое разочарување. Не земам ништо од Квича, тој е добро момче, но секој треба да одлучува за својата судбина, исто како што клубот треба да ги носи своите одлуки.
-Можеби бев малку вообразен, затоа што мислев дека можам да имам посилно влијание. не можев да го сторам тоа. Штета, бидејќи ова е одличен играч, но мора да ја прифатиме и реалноста. Откако го кажав сето тоа, Хвича се уште е играч на Наполи. Тоа не смееме да го заборавиме. Ако некој сака да го купи, нема ништо да се зема здраво за готово. Она што сакам да го подвлечам е цврстината на оваа група, бидејќи и со заминување на двајца играчи и со гласини за други, тие ја задржаа концентрацијата на натпреварот и сакам да им честитам за тоа. Имам одлична група момци, никогаш не се сомневав во тоа, -порача Конте.
-
НБА15 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија23 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Евролига23 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија13 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија14 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција20 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
Шпанија5 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот