Поврзете се со нас

Англија

Конте за големиот хаос кој настана во Тотенхем: Исплашени сме, ние имаме свои семејства

Објавено

на

Тотенхем испрати официјален допис до Премиер лигата и побара одложување на првенствениот натпревар против Брајтон кој е планиран за претстојниот викенд, сето тоа како последица на вонредната ситуација која се случува во првиот тим.

Антонио Конте на одржаната прес-конференција вечерва истакна дека е загрижен од ситуацијата со која се соочуваат тој и играчите, бидејќи коронавирусот предизвикал вистински хаос во изминативе неколку дена.

Италијанецот потврди дека осум играчи од првиот тим и пет членови на стручниот штаб се позитивни на Ковид 19, а тој најмногу се плаши дека овој број ќе продолжи да расте од ден во ден. Засега, утрешниот меч од Конференциската лига против Рен останува на програмата, бидејќи УЕФА налага секој тим да се појави на теренот ако има на располагање 13 играчи, вклучувајќи еден голман.

– Осум играчи и пет членови од стручниот штаб имаат проблем со Ковид 19 и секој ден имаме нови случаи. Луѓе кои вчера беа негативни, денеска се позитивни, а ние продолжуваме да имаме контакти со луѓе кои се лажно негативни, а потоа стануваат позитивни. Ова се претвори во сериозен проблем и вистински хаос.

– Ситуацијата е сериозна. Денеска има нов играч и нов член на стручниот штаб, утре ќе биде некој друг. Сакам да зборувам за фудбал, но невозможно е во ваква ситуација. Секојдневно имаме контакти со луѓе кои се лажно негативни и станува страшно, бидејќи ние имаме семејства и ги продолжуваме контактите. Не гледам зошто би се ризикувало со играње натпревари, ние сме исплашени, – изјави Конте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни