Поврзете се со нас

Италија

Конте во големи проблеми, без својот најдобар играч уште одреден период

Објавено

на

Тренерот на Интер, Антонио Конте се соочува со големи проблеми во составувањето на тимот за натпреварот против Реал Мадрид кој на програмата е во текот на утрешниот ден.

На средбата против „кралевите“ и дефинитивно ќе отсуствува Ромелу Лукаку кој не ја залечи повредата на бутниот мускул на левата нога и ќе мора да паузира уште извесен период.

Белгиецот го пропушти натпреварот со Парма на кој Интер се мачеше да стигне до погодок, а сигурно го пропушта и дуелот со Реал Мадрид. Големае  веројатноста Лукаку да не биде подготвен и за средбата која Интер следниот викенд ќе ја игра против Аталанта.

– Отсуството на Лукаку не може, а да не се одрази на тимот. Од една страна имаме податок дека не постигнал гол на само два натпревари на кои играл, а од друга страна против Парма упативме 25 удари и не успеавме да победиме, -изјави Конте.

Белгиецот оваа сезона има одличен учинок и продолжи таму каде што застана лани. На седум одиграни натпревари во сите конкуренции, Лукаку има постигнато седум погодоци.

На натпреварот против Реал Мадрид, Антонио Конте ќе тргне со Лаутаро Мартинез, а од клупата шанса ќе чекаат Андреа Пинамонти и Мартин Сатриани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни