Италија
Конте со порака до првиот човек на Наполи: Мора да знае…
Наполи успешно го реши гостувањето кај Торино и останува на лидерската позиција во италијанската Серија А.
На наполитанците им беше доволен само еден гол за да ги освојат трите бода, гол постигнат преку летното засилување Скот Мектоминеј. Со ова некогашниот тим на Горан Пандев и Елиф Елмас само потврди дека е сериозен кандидат за Скудетото, па тренерот Антонио Конте уште од сега почна да го притиска и да му испраќа пораки на претседателот Аурелио Де Лаурентис.
Имено Конте му порача да планира засилувања, нови имиња во тимот во наредната 2025 година.
-Ова беше 14. натпревар. Гледајќи ги другите тимови, како тие се засилија, особено имајќи ги предвид европските обврски, па ако успееме да влеземе во Европа, ќе треба да го засилиме овој тим… Претседателот треба тоа да го знае. Во моментов, имаме 21 играч на теренот и го направивме она што би го направил тим кој игра само во лигата и Купот на Италија.
-Она што можам да го кажам, покрај другите дискусии е дека еден извор на задоволство е тоа што сме таму горе и се справуваме со притисокот. Ама надвор од резултатот, гледам група која расте како колектив. Опипливо е, очигледно е дека тоа што го правиме се подобрува. Побарав конкретни работи против Торино, работевме на тоа да бидеме поагресивни во нападот, а тоа го направивме. Никогаш не сум целосно среќен, тие го знаат тоа, -порачал Конте.
-
Светски првенства22 часа
Лекаи со тешки зборови за македонските фанови: Нашиот голман може да ви каже што му правеа
-
Шпанија24 часа
Анчелоти: Свирежите од „Бернабеу“ значат само едно нешто
-
Репрезентација10 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства9 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Италија23 часа
Јувентус ќе дозволи трансфер на Камбијасо во Сити само под еден услов
-
Англија22 часа
Халанд стави потпис на „гига-договор“ со Сити, фановите на премиерлигашот воодушевени
-
Светски првенства12 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Евролига21 час
Хезоња ги шокираше фановите со изјавата на полувремето на дуелот Реал-Олимпијакос (Видео)