Поврзете се со нас

Италија

Конте со измешани чувства откако Пирло беше назначен за тренер на Јувентус

Објавено

на

Антонио Конте повеќе од 10 години е во тренерските води и веќе може слободно да се каже дека има големо искуство како фудбалски стручњак, но полека доаѓаат денови кога неговиоте доскорашени фудбалери кои ги тренираат, сега стануваат негови колеги.

Последен таков случај е оној на Андреа Пирло, легендарниот играч за врска на Италија кој вчеравечер беше повтрден како нов тренер на Јувентус и наследник на Маурицио Сари.

Иако во изминатите денови се шпекулираше и дека Конте може да биде сензационален повратник во Торино, самиот Антонио нагласи дека тоа не е возможно и дури најави тужба, а денеска го коментираше потегот на Јувентус, односно нагласи дека му е мило што Андреа влегува во тренерските води, но од друга страна има и измешани чувства поради друга причина.

– Навистина сум многу среќен за Андреа, не само поради тоа што ми го овозможи во фудбалски смисол, туки и поради фкатот што е фантастична личност и навистина имам посебни чувства кон него, – изјави Конте и додаде.

– Кажувајќи го ова, мора да нагласам и нешто друго. Гледајќи дека играчи кои ги тренирав сега стануваат тренери, прави да се чувствувам старо, – додаде тренерот на Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни