Италија
Конте со два збора се огласи за шпекулациите за сензационален транфер во Јувентус

Антонио Конте предизвика позитивен шок во Наполи по катастрофалната сезона која ја имаа „небесно сините“, па во ситуација кога тимот се бори за титулата во Серија А, медиумите во последно време му направија дополнителен товар на искусниот стручњак.
Дел од јавноста на Апенините почна да го поврзува Конте со сензационален трансфер во Јувентус на крајот од сезоната, откако великанот од Торино се почесто размислува да се ослбоди од Тиаго Мота после само една сезона на „Алијанц стадионот“.
Јувентус веќе разгледува листа од потенцијални кандидати кои би биле идеални за најсложената функција во првиот тим, но Конте во овој момент самиот реши да се отстрани од истата, посочувајќи дека не планира да влезе во класични „медиумски игри“.
– Мое враќање во Јувентус? Медиумски игри!
– Немам потреба да одговарам на ова, тоа се класични медиумски игри, чиста уметност која долго се практикува во Италија. Со било кој одговор ќе креирам нешто, таков е трендот во нашата земја и јас нема да влегувам во тие игри, – изјави Конте, кој утрешниот меч против Венеција го оцени како финале на Светско првенство.
– Ни преостануваат уште десет меча до крајот на сезоната и на секој мора да влеземе со идентични мисли. Следен фокус ни е Венеција, мора да гледаме на овој меч како да е финале на Светско првенство, – изјави Конте.
-
Шпанија12 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Шпанија17 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Англија16 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Европски купови5 часа
Алкалоид го „тресна“ Рунар и си го отвори патот кон финалето на Европскиот Куп
-
Лига на шампиони16 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Англија9 часа
Сарабија со мајсторија донесе историја за Вулвс на „Олд Трафорд“, Арсенал и Челси остварија победи на гостински терен (Видео)
-
Шпанија13 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)
-
НБА16 часа
Минесота направи „брејк“ во Ел-Еј, Детроит не успеа да го изненади Њујорк