Италија
Конте со црна серија каква што не памети 15 години: Ова не менува ништо за нас

Наполи се уште е жив во битката за титулата во Серија А и покрај тоа што бележи значителен пад во формата во последно време, нешто што беше потврдено и ова попладне на натпреварот против Венеција.
Тимот на Антонио Конте не го положи испитот наречен „финале на Светско првенство“, бидејќи самиот италијански стручњак вчера порача дека дуелот против Венеција тој го гледа како завршно сценарио на еден мундијал.
Иако Наполи беше подобар тим, на крајот се задоволи само со разочарувачко реми од 0:0, што всушност значи дека „небесно сините“ освоија само осум бода на последните седум меча во Серија А.
Денешниот нерешен резултат се надоврза на реми исхдите со Рома, Удинезе, Лацио и Интер, а во споменатиот период, Наполи забележа и една победа над Фиорентина, односно еден пораз од Комо.
Последен пат приближно црна серија како тренер Конте имал во 2010-та година, кога како тренер на Аталанта освоил само четири бода на седум натпревари.
– Задоволен сум од прикажаното, но не и од резултатот. Кога ќе создадете толку многу шанси, мора да постигнете гол. Ние не го направивме тоа, а на крајот ризикувавме да примиме еден во самата завршница. Ако се случеше тоа, ќе беше сосема друга приказна, вака и не изгледа толку лошо.
– Сега следи интернационална пауза и ќе го правиме тоа што го правиме и досега. Ќе продолжиме да работиме, ќе се обидеме да ги подобриме играчите на тактичко и физичко ниво. Ова реми не менува ништо за нас, мора да продолжиме да работиме, – изјави Конте.
-
Англија15 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Македонија4 часа
Украинецот во елемент во клучен момент: Мајсторијата на Горига за победа на Вардар во Битола (ВИДЕО)
-
Шпанија17 часа
Анчелоти беснееше по играч на Реал, па веднаш го извади од игра: Ова не е театар! (Видео)
-
Шпанија11 часа
Тежок удар пред „Ел Класико“: Реал соопшти најлоша вест за Камавинга (Фото)
-
Германија14 часа
Баерн се откажува од талентираниот Шпанец за кој се крена голема врева пред 18 месеци
-
Италија16 часа
Инѕаги: Мора да му честитаме на Милан за тоа што ни го направи оваа сезона
-
Италија12 часа
Инѕаги беснееше по четвртиот судија и му забрани да покаже петминутно продолжение (Видео)
-
Македонија4 часа
Одличниот Вардар го урна Пелистер во Битола и сега е во пол-позиција за титулата