Англија
Конте си крева на цена: Да ми речеше Леви дека сака да играме во Лигата на шампионите..

Антонио Конте го донесе тимот на Тотенхем на чекор до пласман во Лигата на шампионите и само чудо е потребно да ги оддалечи „петлите“ од враќање во најелитното европско друштво.
Тотенхем во недела игра против веќе отпишаниот Норвич и се што им е потребно е да ремизираат на таа средба за и математички да го обезбедат пласманот во Лигата на шампионите.
Сега откако тој е извесен, со коментар се јави и Антонио Конте кој меѓу редови посочи дека направил чудо со тоа што го однесол тимот во топ 4 во Англија.
Конте истакна дека доколку Даниел Леви му кажел дека сака да игра во Лигата на шампионите следната сезона, тој ќе го прашал дали се шегува затоа што тоа во тој момент било многу далечно.
– Минувавме низ многу тежок период. Сигурно дека ако Леви побараше од мене да се пласираме во Лигата на шампионите, во тој момент ќе бев реален и ќе го прашав само дали се шегува со мене.
– Тоа е вистината затоа што зборуваме за Англија каде лигата е многу, многу тешка. Во Англија има најмалку четири екстра добри тимови, ако некој од овие тимови ја „утне“ сезоната, тогаш јас ќе се обидам да го заземам нивното место, -изјави Антонио Конте.
-
Светпред 22 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 23 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
Светпред 24 часа
Лос Анџелес сепак ќе мора да плати за Бејл, заработката оди кај Бекам!
-
Англијапред 12 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
АТПпред 22 часа
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг уште на првиот тренинг ги потсетил играчите на едно правило од времето на Фергусон
-
Италијапред 23 часа
Легендарниот Мацола за сензационалниот трансфер на Интер: Ова не се случило во фудбалот