Конте: Санчез е моќен играч, тој ќе ја…

sancez-lukaku

Едно од летните засилувања за Интер е Алексис Санчез кој пристигна на „Џузепе Меаца“ по лошата епизода во Манчестер Јунајтед каде комплетно ја загуби самодовербата и формата која го красеше во претходните клубови.

Меѓутоа во таборот на „нероаѕурите“ веруваат дека Чилеанецот перфекно ќе се адаптира на нивниот стил на игра, поточно ќе се врати на посакуваното ниво.

-Санчез е моќен играч, тој во минатото го покажа квалитетот што го поседува. Треба да му помогнеме да ја врати формата што ја загуби во Манчестер Јунајтед. Тој треба да се прилагоди на нашата игра и тоа е она што го прави, -истакна тренерот Антонио Конте кој проговори и за второто засилување од Јунајтед, Ромелу Лукаку.

-Тој влезе во светот на Интер со голема смиреност и покажа вистинска подготвеност. Останатиот дел од групата веднаш го сфати и го поздрави на најдобар можен начин. Тој има одлични квалитети како човек и е вистински тимски играч. Неговиот фитнес е подобрен. Се надеваме дека тој ќе постигна колку што е можно повеќе голови за тимот – тој секогаш постигнувал голови, – рече Конте.

Facebook Коментари