Италија
Конте разочаран од Кварацхелија: Побара да си замине веднаш!
ПСЖ веќе е во поодминати преговори со Наполи за трансфер на Квича Кварацхелија, а дека има вистина во сите гласини кои кружат во Италија и Франција сега потврди и Антонио Конте.
Тренерот на Наполи беше оној кој го убеди Грузиецот да остане во Неапол барем уште една сезона во текот на изминатото лето, но само шест месеци подоцна, самиот Квича побарал да биде продаден уште во овој јануарски проден рок.
Италијанските медиуми денеска информираа дека Кварацхелија не е повикан за мечот со Верона поради веројатноста да го напушти клубот, па Конте само потврди дека во иднина веќе нема да смета на омилениот „Кварадона“.
– Шест месеци го убедував Кварацхелија дека е ценарот на нашиот проект во Наполи, морав да го разубедам да си замине уште изминатото лето, па затоа сега ова е големо разочарување за мене. Точно е, тој побара од клубот да биде продаден веднаш, а тоа ми го пренесе и мене во личниот разговор кој го имавме. Ми потврди дека донел одлука да си замине уште во јануари.
– Лично за мене ова е големо разочарување. Загубив шест месеци работејќи со него, направив да биде клучен фактор во проектот, а исто така, клубот во изминатите шест месеци постојано работеше на неговиот нов договор. Поради сето ова, неговата одлука за мене е огромно разочарување. Денеска сум ситуација да направам чекор назад, не можам да сметам на оние кои сакаат да си одат по секоја цена. Знам дека вестите излегоа и во јавноста, а јас како тренер се повлекувам и оставам на играчот и клубот да најдат решение за оваа ситуација.
– Одлучено е тој да не игра против Верона, Квича не е достапен за претстојниот меч. Ќе видиме што ќе се случи, но јасно е дека ќе загубиме многу важен играч. Таков е фудбалот, но ние сега мора да се насочиме само на Верона, – изјави Конте.
-
Англија18 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП12 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Репрезентација14 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија11 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Македонија20 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија15 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)