Поврзете се со нас

Италија

Конте распали по апсурдното фубалско правило: Тоа само ни ја отежнува работата

Објавено

на

Foto:x.com/sscnapoli

Антонио Конте се израдува на драматична победа над Парма со два гола во судиското продолжение, па покрај тоа што не го криеше воодушевувањето од новото засилување Ромелу Лукаку, тренерот на Наполи не пропушти да распали по апсурдното фудбалско правило кое се негува во Топ 5 лигите.

Италијанскиот стручњак смета дека тренерите имаат голем проблем на стартот на секоја натпреварувачка сезона, бидејќи преодниот рок трае три седмици подолго од предвиденото, односно завршува на крајот на август, или почетокот на септември.

Конте смета дека со таквиот тренд само им се отежнува и усложнува работата на тренерите, кои често мора да се соочат со ситуации во кои тренираат играчи кои знаат дека ќе си заминат, а воедно и добиваат засилувања за кои не знаат во каква форма пристигнуваат во клубот.

– Правилото со трансфер пазарот останува апсурдно. Тренерите се приморани да тренираат играчи кои знаат дека нема да ги имаат во својот тим, а воедно и да чекаат играчи со кои никогаш не работеле и за кои не ја знаат точната физичка состојба. Фудбалот еволуира од година во година, но ова правило не се менува.

– Некој мора да го забележи ова смешно и апсурдно правило кое им носи само штета на тренерите и на клубовите. Сметам дека е крајно време да се измоделира ова правило, – изјави Конте.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни