Поврзете се со нас

Свет

Конте: ПСЖ е привремена станица, Ашраф има само еден сон!

Објавено

на

Антонио Конте минатата година соработуваше со Ашраф Хакими и добро го познава извонредниот десен бек кој ова лето направи трансфер во ПСЖ, клуб кој според италијанскиот стручњак ќе биде само привремена станица за дефанзивецот на кого му се предвидува светла иднина.

Како специјалн гостин во програмата на италијански „Скај“, Конте нагласи дека Ашраф во своето срце има само еден клуб, а тоа Реал Мадрид каде не доби шанса од Зинедин Зидан и беше продаден на Интер пред една година.

Етапата на Ашраф во Милано траеше само една година, а Конте верува дека доста брзо може да се случи да си оди и од ПСЖ, бидејќи целта на Хакими е да се врати во Реал еден ден.

– Сонот на Хакими е да се врати во Реал Мадрид, да се врати и повторно да игра за Реал. Се сеќавам на двата натпревари против Реал минатата сезона како играч на Интер, му беше многу тешко. Тој сака да се врати во Реал за да биде клучен играч во тимот.

– Направи грешка во Валдебебас и после со голема зрелост ги прифати натпреварите кои ги почна од клупата. Сака да учи и тоа е одлично. Во овој момент е еден од најдобрите десни бекови во светот, а може да прерасне во ѕвезда. Се подобри многу во одбраната и го подобри последниот пас за гол, – објаснува Конте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни