Поврзете се со нас

Англија

Конте: Првпат ми се случува вакво нешто

Објавено

на

Антонио Конте денеска го коментирал одложувањето на лондонското дерби меѓу неговиот Тотенхем и Арсенал, а неговата оценка е дека се работи за чудна одлука.

Италијанскиот стручњак е уште еден менаџер кој ја критикува навиката на Премиер лигата да одложува натпревари поради повредени играчи или фудбалери кои имаат обврски на Африканскиот куп на нации.

– Според мене, кога постои можност да се игра, треба да се игра.

– Не би требало да одложуваме натпревари поради повреди или обврски кон репрезентациите. Мислам дека имаме еден голем проблем, а тоа е ковид-19 и само поради него треба да се одложуваат средби.

– Вакво нешто ми се случува првпат во кариерата, а можам да кажам дека имам солидно искуство. Навистина е чудно да одложувате натпревари поради многу повреди во некој од тимовите, – рекол Конте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни