Конте прозва ѕвезда на Интер: Треба да одлучи дали ќе биде светска класа, или просечен играч!

konte-press1

Интер утре ќе има сериозен тест во Лигата на шампионите, бидејќи натпреварот со Борусија Дортмунд е од круцијална важност со италијанскиот тим, со оглед на тоа што во првите две кола освои само еден бод.

Тимот кој во овој момент е второпласиран на табелата во Серија А потфрли во воведното коло со Славија Прага и потоа загуби на гостувањето во Барселона, а пред важниот меч со Борусија Дортмунд на „Џузепе Меаца“, Антонио Конте во свој стил прозва една од ѕвездите на тимот од која многу очекува во иднина.

– Лаутаро Мартинез мора да работи, мора да продолжи напорно да работи и ништо повеќе. Не смее да мисли дека само головите се важни за еден напаѓач, за мене тоа не е така. Треба да работи за тимот, многу напредно од кога е со мене, полека станува компелтен напаѓач. Многу ми се допаѓа кога забележува асистенции, а не само да постигнува голови. Има уште многу простор за напредок и затоа сакам да работи. Има огромен потенцијал, но тој сам треба да одлучи дали ќе биде светска класа, или пак ќе биде просечен играч, – изјави Конте за Лаутаро кој постигна четири гола и забележа две асистенции на осум меча во Серија А.

 

Facebook Коментари